
СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ Вработените во локалот спречија поголем пожар

Помал пожар избувнал во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, откако се запалило црево поврзано со плинска боца. Настанот предизвика загриженост кај граѓаните кои во тој момент се наоѓале во централното градско подрачје.
Според информациите, вработените реагирале навремено и со противпожарни апарати успеале да го локализираат огнот пред тој да се прошири во останатиот дел од објектот.
На местото веднаш пристигнала Територијалната противпожарна единица од Кочани, чии припадници ги изнеле плинските боци од просторот и дополнително го обезбедиле теренот.
.
