
СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОПРУГАТА, ГО ТЕПАЛ СВОЈОТ ТАТКО, ВОЗЕЛ ПИЈАН… Уапсен насилник од Демиркаписко

Жител на демиркаписко село на 29-годишна возраст, обвинет за закани кон сопругата, напад врз неговиот татко и возење во алкохолизирана состојба, е приведен вчера од полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија, соопшти Секторот за внатрешни работи – Велес.
„Претходно било пријавено дека тој на социјална мрежа ѝ се заканувал на неговата 26-годишна сопруга, а потоа во домот се заканувал со остар предмет на неговиот 54-годишен татко и го нападнал со тврд предмет. По преземени мерки, на улица „Партизанска“ во Демир Капија, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со демиркаписки регистарски ознаки, што го управувал, при што било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино и по решение од Основен суд – Неготино му биле изречени мерки отстранување од домот и забрана за приближување“ – соопшти СВР – Велес.
Во соопштението се додава дека по целосно документирање на настаните, против приведениот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
.

