
Се врати првиот екипаж од целосно приватен тим астронаути
Првиот екипаж на целосно приватен тим астронаути се врати од Меѓународната вселенска станица. Капсулата безбедно слетала во водите во близина на брегот на Флорида, јавува Ројтерс.
Crew Dragon на SpaceX падна со падобран во Мексиканскиот залив. Со ова заврши осумдневната истражувачка мисија на астронаутите.
Екипажот на „Аксиом 2“ вклучуваше двајца Американци и двајца Саудијци, вклучувајќи ја и првата жена со арапско потекло.
Мисијата беше финансирана од приватен капитал и е последна експедиција од оваа серија.