
Се враќале од свадбена веселба, па доживеале несреќа, 10 мртви во Австралија
Австралиската полиција соопшти дека најмалку десет лица загинале во сообраќајна несреќа што се случила во регионот Хантер, во австралиската држава Нов Јужен Велс.
Сите загинати биле во автобусот кој слетал на кружниот тек, а досегашните информации говорат дека во таа несреќа се повредени единаесет лица. Сите веднаш биле префрлени во блиските болници.
Возачот на автобусот, 58-годишен маж, ја преживеал несреќата и бил пренесен во болница на задолжителни тестови. Вкупно осумнаесет патници во автобусот останале неповредени, односно со полесни повреди.
Несреќата се случила вечерта, недалеку од градот Грета.
Според локалните медиуми, автобусот се враќал од свадбена веселба.