Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петковиќ за косовските специјалци: Што бараат со оружје, мапи, ГПС, длабоко во централна Србија и во шума?
Регион

Петковиќ за косовските специјалци: Што бараат со оружје, мапи, ГПС, длабоко во централна Србија и во шума?

14/06/2023

AA

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на вонредна прес-конференција изјави дека специјалците на косовскиот премиер Албин Курти биле длабоко на територијата на централна Србија. 

Вели дека српската полиција не ја поминала административната линија ниту милиметар. Петковиќ кажа дека Србија е подготвена да ги понуди сите докази и повика да се отвори меѓународна истрага доколку е потребно, јави дописникот на МИА од Белград. 

„Антитерористичката единица на српската жандармерија лоцираше и уапси тројца припадници на специјалната полиција на Курти кои беа вооружени до заби“, рече Петковиќ.

Тројцата имале автоматско оружје и целосна воена опрема со ГПС уреди, мапи и друга опрема. 

„Тие што ги прекршија овие меѓународни договори се токму овие албански терористи, припадници на косовската полиција“, рече Петковиќ.

Тој ги негира тврдењата на косовските власти дека се работи за некакво киднапирање. 

„Што бараат со оружје, мапи, ГПС, длабоко во централна Србија и во шума? Тоа ќе го утврди истрагата“, рече Петковиќ.

Курти го оквалификува како агресија и намера за дестабилизација на земјата денешното приведување на тројца припадници на полицијата на Косово, за кои властите и медиумите во Приштина тврдат дека биле киднапирани од маскирани припадници на српски сили на косовска територија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти побара итно ослободување на косовските полицајци и ја повика меѓународната заедница да го осуди инцидентот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44915
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy