Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сè уште трае потрагата по исчезнато лице од штипското село Степанци
Македонија

Сè уште трае потрагата по исчезнато лице од штипското село Степанци

11/04/2025

AA

Се уште трае потрагата по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци, кое е пријавено за исчезнато на 7 април во 16.20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето последен пат било видено во саботата, 5 април. Известени се МВР Штип и Општина Штип, како  и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат.

-Потрагата вчера се одвиваше во реонот на село Степанци. За денеска ќе нема организирана потрага, освен од страна на неговите поблиски роднини и пријатели. Но, за утре, 12 април, ќе се организира потрага на поголем реон. Планирано е да бидат вклучени  по десет  полицајци и извидници – членови на Извиднички одред „Еквинокс – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, а и роднини на исчезнатото лице – наведува ЦУК.

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 2044 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 од коишто „реални“ повици биле 56,65 отсто, а 43,85 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.  Кон Полиција биле упатени 70,27 отсто, кон Итната медицинска помош 21,08 отсто, кон пожарникарите 5,95 отсто и кон АМСМ 0,27 отсто од реалните повици на 112 во ЦУК.

-Имало шест пожари на отворено во последното деноноќие (Скопско, Битолско, Гевгелиско, Штипско, Кочанско и во Кумановско), а пожарникарите гаснеле, паралелно, и други пожари во населени места и сите биле изгаснати – информира ЦУК.

ЦУК го пренесува и известувањето на РЦУК Битола дека поради настанато свлечиште на патот што ги поврзува крушевското село Долно Дивјаци и демирхисарското село Кочишта, состојбата на патот оневозможува безбеден сообраќај.

-Поради тоа привремено, се до решавање на настаниот проблем, за сите категории на возила се забранува движење на дел од истиот патен правец. Забраната на сообраќајот е објавена преку средствата за јавно информирање и е означена со сообраќајна сигнализација – наведува Центарот за управување со кризи. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Македонија не е земјоделска земја – тоа е мит,

09/04/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, СОНЦЕ И ОБЛАЦИ ПРЕКУ ДЕН Времето за празниците

09/04/2026
Македонија

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс

09/04/2026
Македонија

Ковачевски: Додека власта се жали на минатото, странските инвестиции паднаа

09/04/2026
Македонија

„Во Македонија повеќе се мисли на ПР, отколку за суштината“,

09/04/2026
Македонија

Ковачевски за 4ТВ: Мерките на Владата се задоцнети и недоволни,

09/04/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ ИСТОРИСКИ ГОДИНИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА Во Вашингтон зборувавме

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42329
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на храната во Македонија допрва ќе

09/04/2026

Економскиот експерт Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ истакна дека неодамнешното стивнување на тензиите на

Јовановиќ: Македонија не е земјоделска земја – тоа е мит, владата потфрли со мерките!

09/04/2026

Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии во гостувањето во емисијата Ноќно студио на 4ТВ, изнесе мрачни проекции

МИНУС НАУТРО, СОНЦЕ И ОБЛАЦИ ПРЕКУ ДЕН Времето за празниците ќе биде променливо

09/04/2026

Времето во петок, 10 април, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy