Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се уште траат разговорите за проширување на владината коалиција, кое опозицијата го окарактеризира како естрада
Македонија

Се уште траат разговорите за проширување на владината коалиција, кое опозицијата го окарактеризира како естрада

02/02/2023

AA

Дали во Алтернатива ќе се разговара за останување или напуштање на владината коалиција ќе се знае откако ќе завршат преговорите меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците кои имаат за цел проширување на владиното мнозинство со оваа партија. Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, завчера по седницата на Извршниот одбот на партијата изјави дека во најголем процент се усогласени со Алијанса за Албанците, но оти се уште не се разговарало за кадровски решенија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, најавите за влез на АА во владата ги спореди со естрада, нагласувајќи дека тоа нема да донесе ништо ново и добро за граѓаните.

-Откако ќе завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците ќе разговараме за останување или напуштање на владината коалиција. Ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите, рече вчера лидерот на Алтернатива Африм Гаши на паузата од состанокот со членството во Гостивар.

Тој напомена дека партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата. Доколку Алијанса биде владин партнер и Алтернатива остане, според Гаши има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија.

Во врска со шпекулациите дека има условувања за останување или напуштање на Владата на прашање на МИА да даде оценка или партиски став, лидерот на Алтернатива вели дека како партија се исправени пред тој предизвик, но, како што рече, за жал или за среќа ќе почекаат да видат како Алијанса за Албанците ќе ги води преговорите со СДСМ за влез во Влада.

-Доколку се постигне договор помеѓу нив, ние ќе погледнеме дали е чепнат и дали тоа го засега нашиот договор за влез во Владата, истакна Гаши.

За премиерот Ковачевски, пак, осовните претпоставки на владиното мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанци го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ.

Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ќе продолжат.

-На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, изјави завчера Ковачевски во врска со одржаната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција. Тој најави дека во текот на следните денови ќе има состаноци и со Алтернатива.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера, ја поистовети со естрада најавената можна нова владина коалиција со приклучување на Алијансата за Албанците и оценува дека таа нема капацитет за реформи. Тој сè уште е оптимист за предвремени парламентарни избори и верува дека поддржувачите на владиното мнозинство, кои се „незадоволни од состојбите“, нема да ги поддржат министрите што би ги предложил премиерот Димитар Ковачевски. Тоа, вели, ќе даде одговор дали ќе има предвремени избори или ќе се оди на редовни.

Преостанатите 10-11 месеци до редовните избори, според него, нема да подобрат ништо, а изборите се нужност за „народот да избере политичари што ќе овозможат напредок на државата“.

Тој посочи дека предвремените парламентарни избори „се нужност, за да може народот да си избере политичари кои ќе ја водат Владата, ќе направат структурни реформи и ќе ја придвижат државата напред“ и кои, како што нагласи, „ќе градат, а не да крадат, како што се однесува денешната владина коалиција на ДУИ со СДСМ, а која гледаме дека ќе се проширува“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

21/05/2026
Македонија

Брисел ја награди реформската агенда: Скопје добива нови 65,7 милиони

20/05/2026
Македонија

Чекор поблиску до „оживување“ на џиновската моа: Првото пиле се

20/05/2026
Македонија

Гаши: Во трка сме со времето во однос на членството

20/05/2026
Македонија

Четири лица приведени, а со едно извршен службен разговор –

20/05/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – пет возеле

20/05/2026
Македонија

ФОТО Полициска акција на граница: Запленети 66 пакувања марихуана во

20/05/2026
Македонија

Филипче: На младите им недостасува систем, не само подобар стандард

20/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43377
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

21/05/2026

И покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од

Брисел ја награди реформската агенда: Скопје добива нови 65,7 милиони евра од ЕУ

20/05/2026

Европската комисија одобри 65,7 милиони евра за Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст. Оваа одлука доаѓа

Чекор поблиску до „оживување“ на џиновската моа: Првото пиле се изведе од вештачко јајце

20/05/2026

Првото пиле се изведе од вештачко јајце, а големиот научен пробив би можел да помогне во враќањето на џиновската моа,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy