
Се урна гондола на ски-центар во Австрија, повредено семејство
Скијачка гондола се урна во вторник наутро, околу 09:30 часот по средноевропско време, во скијачката област Хохец во тиролскиот Октај.
Според австриски „Кронен цајтунг“, во гондолата имало семејство.
Според лкистот, во гондолата имало татко со ќерката и синот и нивниот вујко.
Сите четворица се тешко повредени, а животот на едно лице е во опасност.
Според пишувањата на австриските медиуми, најверојатно станува збор за дански државјани.
Мажите се на 44 и 49 години, а децата на 17 и 19 години. Спасувачката операција австриските медиуми ја опишуваат како исклучително тешка бидејќи наклонот под гондолата бил многу стрмен и тешко пристапен за работниците од итната помош.

