Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски од Вашингтон: Продолжува поддршката од Конгресменката Тени за Република Северна Македонија
Македонија

Спасовски од Вашингтон: Продолжува поддршката од Конгресменката Тени за Република Северна Македонија

10/01/2024

AA

Денеска, (10.01.2024) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Вашингтон, Соединетите Американски Држави, оствари средба со конгресменката Клаудија Тени, којашто е ко-претседавач со Конгресниот Кокус за Македонија, за Американците со македонско потекло.

Двајцата соговорници разговараа за значајната улога која ја игра Конгресниот Кокус за Македонија, за Американците со македонско потекло, генерално за македонско-американската заедница во Соединетите Американски Држави. Притоа, Спасовски ја изрази благодарноста за поддршката и ангажманот во зајакнувањето на меѓусебните односи, промовирање на културната размена и застапување на интересите на македонската заедница во САД.

„Република Северна Македонија се стреми кон една сигурна, стабилна и просперитетна иднина во големото европско семејство на ЕУ, а нашите напори се во голема мера фокусирани на продлабочување на демократските реформи, јакнење на владеењето на правото и продолжување на економскиот развој. Во сето ова, македонско-американската заедница и поддршката од САД играат витална улога. Нашата соработка како НАТО сојузници се темели на заедничките вредности на демократијата, човековите права и мирот. Сакаме да ја зајакнеме оваа соработка преку повеќе билатерални иницијативи, заеднички проекти и програми. Во таа насока, дијалогот со претставниците на САД е од суштинско значење”, истакна министерот Спасовски, упатувајќи благодарност за личниот ангажман на конгресменката Тени.

„Дозволете ми да изразам благодарност за вашите лични заложби за почнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, како и за заложбите за резолуцијата на Конгресот со која септември се прогласува за месец на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека македонско-американската заедница ги прифати слободите што ги нуди американското општество и е интегрирана во различни области како уметност, наука, бизнис, политика, медицина, спорт и други, благодарение на можностите за рамноправно учество и придонес во градењето на граѓанските и верските слободи и основните човекови права.

„Тие станаа активни членови на заедницата, давајќи го својот придонес кон нејзиниот развој. Денеска, со задоволство можам да кажам дека Република Северна Македонија го следи овој модел, стремејќи се кон усовршување на општество каде секој заслужува рамноправна шанса”, рече Спасовски, со уверување дека Република Северна Македонија останува посветена на унапредувањето на евро-атлантските интеграции и на засилување на нашите демократски институции.

Министерот Спасовски во оваа прилика побара и поддршка за усвојување на Нацрт законот за демократија и просперитет на Западен Балкан. Притоа, тој подвлече дека за Република Северна Македонија нема алтернатива освен Европската Унија и продлабочувањето на Стратешкиот дијалог помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Конгресменката Тени изрази задоволство од можноста да се сретнат со министерот Спасовски и во оваа прилика ја истакна својата силна поддршка, посветеност и блискост кон македонско-американската заедница во САД, велејќи дека секогаш е во потрага по пријател плус Македонец овде во САД. Таа уште еднаш ја потврди својата поддршка за резолуцијата за месецот септември да биде месец на на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија оди на Светско: Ракометарите по десетти пат меѓу најдобрите

17/05/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството

17/05/2026
Македонија

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

17/05/2026
Македонија

Под слоганот „Сите нека знаат“, на 20 јуни ќе се

17/05/2026
Македонија

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило – петмина возеле

17/05/2026
Македонија

Вработен во маркет во Центар го истепал колегата!

17/05/2026
Македонија

Битолчанец со возило удрил во сограѓанка, па излегол и ја

17/05/2026
Македонија

Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово

17/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43321
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија оди на Светско: Ракометарите по десетти пат меѓу најдобрите во светот

17/05/2026

Македонската репрезентација обезбеди пласман на СП 2027 Македонската ракометна репрезентација повторно ја израдува нацијата. Избраниците на селекторот Кире Лазаров изборија

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството кај Сарај

17/05/2026

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

17/05/2026

На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy