
Се укинува функцијата потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ, во 2029 година ново раководство
Се укинува функцијата потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ, а сите актуелни потпретседатели ќе бидат предложени за членови на Извршниот комитет на партијата. Ова вечерва го соопшти премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во телевизиско гостување.
Мицкоски најави дека на утрешната седница на Централниот комитет ќе биде распишан повик за избор на нов претседател на Унијата на ветерани, Унијата на жени и Унијата на млади, што, како што истакна, е дел од поширокиот процес на кадровско освежување во партијата.
Тој додаде дека во 2029 година ВМРО-ДПМНЕ ќе добие ново раководство и дека тој нема повторно да се кандидира за претседател на партијата.
Според најавите, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да брои вкупно 29 членови.

