Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ТОВАРИ ЗА УБИСТВО НА ЦИВИЛИ: Косовски Србин е осуден на 13 години затвор
Регион

СЕ ТОВАРИ ЗА УБИСТВО НА ЦИВИЛИ: Косовски Србин е осуден на 13 години затвор

02/02/2024

AA

Косовски Србин е осуден на 13 години затвор за воени злосторства во 1999 година.

Основниот суд на Приштина денеска го осуди Душко Арсиќ на 13 години затвор за воени злосторства, кои, според обвинението, ги извршил во селото Бутовац за време на војната во Косово во февруари 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Судскиот совет наведе дека од јануари до јуни 1999 година, Арсиќ, кој живеел во селото Матичан во близина на Бутовац, учествувал во насилното протерување и иселување на граѓаните на Приштина и околината, како и дека запрел малолетник и заедно со другите припадници на паравоените единици го малтретирал.

Групата во која членувал Арсиќ во февруари истата година, првично ранила и убила неколку жртви, меѓу кои и лицето Брахим Шала, кој бил убиен со автоматска пушка, а потоа му наредиле на тогаш 15-годишен Артан Красниќи, да го носи на грб неговото тело.

Арсиќ е обвинет дека, како дел од српската полиција и паравоените групи, „физички и психички го малтретирал, го удирал по грбот, го пцуел и го третирал како терорист“ малолетниот Красниќи, кој денеска беше присутен во судницата за време на изрекувањето на пресудата.

Адвокатот на Арсиќ, Небојша Влајиќ изјави дека не ја очекувал оваа пресуда, но и не е изненаден. Тој најави жалба. 

„Мислам дека по денешното објавување на пресудата и најдобронамерните набљудувачи ги загубија илузиите за демократскиот капацитет на косовското судство. Косовското правосудство едноставно ја убедува јавноста со секоја наредна пресуда дека не е во состојба да спроведе правична постапка“, рече тој.

Арсиќ е уапсен на граничниот премин Јариње, меѓу Косово и Србија, во декември 2021 година и од тогаш е во притвор во Подујево. Повеќе Срби изминативе години беа апсени за извршени воени злосторства за време на војната во Косово. Белград постојано обвинува за прогон на Србите и терор со цел етничко чистење. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел

16/02/2026
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
Македонија

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана

16/02/2026
Македонија

БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НА ПОМОШ ВО КИЧЕВО: Испратени екипи и опрема

16/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа,

16/02/2026
Македонија

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВРЗ КУЌА ВО ТЕТОВО, ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41527
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел како менаџер за 2.783.867 денари!

16/02/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на помалку од 1 метар од

16/02/2026

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во селото Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy