
Се степале затвореници во „Идризово”, двајца завршиле во болница
Двајца затвореници се степале денеска во затворот „Идризово” и со повреди завршиле во болница, дознава „Фокус”.
Информацијата ни ја потврдија од затворот и првично двајцата затвореници, едниот со повреди на главата, другиот на бутот се пренесени во болница.
Неофицијално, наводно затворениците се тепале со лопати и мотики, но официјална потврда нема.
Од затворот уверуваат дека ситуацијата е под контрола, затворска полиција била повикана од дома и сега состојбата била смирена.