
Се сменија 17 министри – во 1985 почнаа градежните работи, но никако да заврши изградбата на кичевската болница
Се сменија 17 министри за здравство од почетокот на градежните работи за изградба на новата кичевска болница.
Министрите во последните 5 години даваа бескрајни ветувања, почнувајќи од Никола Тодоров, па се до актуелниот министер, Фатмир Меџити.
Прв министер за здравство кој ја посети оваа болница беше Драган Даниеловски во 1998 година, 13 години по почетокот на изградбата.
Од 1998 до 2015 година, објектот остана во фаза на карабин, а во 2015 година кога министер за здравство беше Никола Тодоров, во Кичево беше на посета и државниот секретар на министерството за здравје, Насуф Ипчја, кој вети дека ќе почнат градежните работи и дека во 2017 ќе завршат.
Извор: ТВ21
