Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се шири фотографија од недопрена зграда среде урнатините во Турција – еве чива е!
Македонија

Се шири фотографија од недопрена зграда среде урнатините во Турција – еве чива е!

11/02/2023

AA

Бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 24.400 и може дополнително да се зголеми додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради. Повеќе од 80.000 луѓе беа повредени во двата разорни земјотреси што го погодија регионот во понеделникот.

Оттогаш спасувачите се тркаат со времето, но со секој час се намалуваат шансите да се најдат преживеани под урнатините. Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнале, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.


Една од најтешко погодените области е градот Кахраманмарас на југот на Турција. Градот беше речиси целосно срамнет со земја. Деновиве на социјалните мрежи се шири фотографија на која се гледа како една зграда стои недопрена по земјотресот меѓу урнатините на зградите.

„Зградата на сликата е во Кахраманмараш, таа е репрезентативна зграда на Комората на градежни инженери. Само науката и технологијата да се применуваат за доброто на луѓето“, пишуваат корисниците на Твитер.

One building standing in Kahramanmaras: The Chamber of Civil Engineers pic.twitter.com/tJAfA4whYb

— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) February 10, 2023


Становите кои некогаш макотрпно ги штедеа, уредуваа и ги правеа за живеење толку долго, сега лежат во куп урнатини по силниот земјотрес што ја погоди Турција. Нови и стари згради, некои изградени пред само шест месеци, се распаднаа. Други се сплескаа како бетонски палачинки.


Целосниот обем на штетите од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот и континуираните последователни потреси што предизвикаа хаос во Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 24.000 луѓе, не е познат. Бројот на смртни случаи во Турција секојдневно се зголемува.

Паралелно, расте гневот зошто, во земја со повеќе раседни линии и историја на големи земјотреси, квалитетот на градбата е толку лош што зградите се распаѓаат како хартија.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy