
СЕ ПОВЛЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ПРОИЗВОД – на Хрватите им се советува да внимаваат ако го купиле
Државниот инспекторат на Република Хрватска го повлече Ји Јуан 100 проценти чисто масло од црн сусам (150 ml) од продажба, со препорачан датум за употреба од 20 февруари 2026 година.
Имено, производот со потекло од Сингапур е повлечен поради утврдената покачена количина на ароматични јаглеводороди (MOAH).
„Не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот парламент и на Советот од 28 јануари 2002 година за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната“, наведува Инспекторатот.
Инаку, производител на ова масло е сингапурската Oh Aik Guan Food Industrial, увозник е холандската Heuschen & Schrouff, а на хрватските потрошувачи им беше достапно во малопродажба преку добавувачите од Азија и Пан Азија.