Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши
Македонија

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

22/09/2023

AA

Бугарските пратеници со 180 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, на прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство, коишто подразбираат и јавно да бидат објавени сите лица кои во изминатите 22 години се стекнале со бугарски пасош. Измените на законот се очекува да бидат усвоени на второто читање.

Европарламентарецот Андреј Ковачев на својот Фејсбук профил објави дека законските измени се однесуваат и на тоа церемонијата за добивање бугарско државјанство да биде свечена и јавна.

Со најновата измена, вели Ковачев, јавно ќе бидат познати и сите сонародници од Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест.

„Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говорот на омраза и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Оние од нив што се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразачи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа“, вели Ковачев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy