Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се огласи македонското МНР: Бугарија вчера не ги спречи радикалните поединци кои изразуваат територијални претензии кон Македонија
Македонија

Се огласи македонското МНР: Бугарија вчера не ги спречи радикалните поединци кои изразуваат територијални претензии кон Македонија

05/02/2023

AA

Чествувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија помина во најдобар ред и без нарушување на јавниот ред и мир, со овозможен пристап на бројни официјални и граѓански делегации од Република Северна Македонија, вклучително и на официјалната делегација на Република Бугарија и на бугарски граѓани, да му оддадат почит на великанот.

Сепак, со жалење, констатираме дека во пресрет и по одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија, радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Република Северна Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и нашата држава.

Укажуваме дека во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и законите, како и на меѓународното право, надлежните институции на Северна Македонија се должни и ги превземаа сите неопходни мерки да се спречат провокации, тензии и инциденти кои можат да ја загрозат националната безбедност, јавниот ред, здравјето на луѓето и меѓународните односи на државата.

И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи  пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на Северна Македонија.

Согласно со утврдените протоколи за работа, и стандардите на ЕУ за безбедно управување со границите, дел од овие лица кои го нарушија јавниот ред и мир од поголем обем, беа приведени и изведени пред надлежен суд кој изрече соодветни мерки.

Истовремено, Министерството за надворешни работи ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на бугарскиот европратеник, Александар Јорданов на социјалните мрежи.

Исто така, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги демантира наводите дека со Република Бугарија било договорено заедничко чествување на Гоце Делчев. Потсетуваме дека една од задачите на Заедничката експертска комисија за историско – образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, е да изготви препораки за заедничко чествување на историски личности. До овој момент, Заедничката комисија нема изготвено препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.

Истовремено, на официјалната бугарска делегација предводена од вице-премиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, како искрен и последователен гест  ѝ беше овозможено непречено да положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Република Северна Македонија во континуитет негува добрососедски односи и се залага за воспоставување на одржливи пријателски односи и продуктивна соработка со сите соседни држави, вклучувајќи ја и Република Бугарија. Во склад со овие определби, очекуваме од властите во Република Бугарија, во духот на пријателството и добрососедството, принципиелно да се заложат и да ги превземат сите неопходни дејствија за деескалација на тензиите преку јавна осуда  и преземање меки против сите дејствија кои не придонесуваат  за водење на конструктивен и добронамерен дијалог базиран на меѓусебно уважување и почитување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy