
Се огласија од МНР по инцидентот во Струга: Се извинуваме!
Дозволете да информираме дека кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите.
Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панлеот продолжи со предвидената агенда.
Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика; утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки.
Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим.
