Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Роналдо „го избрка“ од Ал Наср, па сега му стана тренер на – Елиф Елмас! (ФОТО)
Спорт

Роналдо „го избрка“ од Ал Наср, па сега му стана тренер на – Елиф Елмас! (ФОТО)

15/06/2023

AA

Наполи го назначи Руди Гарсија за наследник на Лучано Спалети и нов предводник на екипата. Французинот, кој до април беше тренер на Ал Наср, на Кристијано Роналдо, од летово ќе му биде тренер на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис запна и успеа да донесе нов тренер за кратко време, само што сè уште нема детали околу тоа колку сезони ќе трае ангажманот.

„Де Лаурентис со задоволство објавува дека Руди Гарсија ќе биде нов тренер на Наполи. Најискрено добредојде за него и со среќа“, пишува во краткото соопштение од клубот.

✍️ Rudi García è il nuovo allenatore del Napoli!
Benvenuto Mister 👋 pic.twitter.com/aYjOVpGDP9

— Official SSC Napoli (@sscnapoli) June 15, 2023

Гарсија беше тренер на Ал Наср од почетокот на 2022/23 сезона, но на средината на април беше јавено дека „спогодбено се разделиле“. На таа спогодба претходеа лоши односи со Роналдо, така што неофицијалната вистина е дека Португалецот имал удел во смената на Гарсија.

Во Иалија не доаѓа без искуство од Серија А, бидејќи беше тренер на Рома од 2013 до 2016, сè додека не беше избркан во јануари, иронично, за да дојде на негово место – Лучано Спалети.

Тренерот кој ги водеше до шампионската титула Елмас и соиграчите, неофицијално, влезе во конфликт со сопственикот Де Лаурентис, затоа што овој побрза да ја активира клаузулата за продолжување на договорот, без да го консултира или да му понуди покачување по епохалниот успех.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026
Македонија

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45337
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026

Осуденик почина во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје од последици на струен удар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026

Триесет и седумгодишната бугарска државјанка, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина, денеска е пронајдена жива и во

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy