
Се огласија од депонијата Дрисла: Нема никаква можност за загадување, апелираме до МВР да пристапат кон истрага
Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не
согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување, велат од ЈП депонија Дрисла Скопје.
„Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко –
технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи.
Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за
изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои се сомневаме дека се
политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми. Депонија Дрисла без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди“, се вели во соопштението на ЈП депонија Дрисла Скопје.
