Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Визер“ ја затвора базата во Виена – последен лет за Охрид на 14 март 2026 година
Македонија

„Визер“ ја затвора базата во Виена – последен лет за Охрид на 14 март 2026 година

12/09/2025

AA

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ најави затворање на својата база во Виена, Австрија. Процесот на повлекување ќе се одвива постепено, од октомври 2025 до март 2026 година. Оваа одлука го става под неизвесност и идниот развој на линијата Охрид-Виена, за која моментално се достапни билети до последниот лет закажан на 14 март 2026 година.

Според специјализирани веб сајтови за цивилна авијација, одлуката е резултат на стратешка анализа на работењето во Австрија, каде „Визер“ се соочува со силна конкуренција и растечки трошоци.

Повлекувањето започнува на 26 октомври 2025 година, кога компанијата ќе ги повлече два авиони и ќе ги укине линиите до Билбао и лондонскиот аеродром Гетвик. Целосното затворање на базата е предвидено за 15 март 2026 година, со прекин на сите линии од Виена, вклучително и врската со Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

„Визер“ ја отвори својата база во Виена во 2018 година, со намера да конкурира на „Аустриан Ерлајнс“ и „Рајанер“. Првиот лет Охрид-Виена беше реализиран на 17 ноември 2018 година. Летово „Визер“ сообраќаше до четири пати неделно за Охрид со авиони А321-нео од најновата генерација на „Ербас“. Во зимскиот ред на летање, заклучно со 14 март 2026 година, се предвидени два лета неделно од Виена за Охрид.

Компанијата се соочува со финансиски притисок и пад на вредноста на акциите поради зголемените трошоци, како и проблеми со долготрајните сервиси на моторите „Прат и Витни“, што доведе до приземјување на голем број авиони низ Европа.

Во меѓувреме, „Визер“ најави враќање на две линии од аеродромот во Скопје со државни субвенции. Од декември 2025 година повторно ќе се лета за Келн, линија што беше укината минатата година поради високите аеродромски такси, а од 6 април 2026 година, по едногодишна пауза, се враќа и линијата за Будимпешта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy