Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се одржа А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации
Македонија

Се одржа А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации

19/05/2023

AA

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Република Северна Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“.

Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. На предметната Конференција во рамки на три тематски сесии, со учество на реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за јавна дипломатија, како и бројни реномирани домашни експерти, претставниците на земјите членки и набљудувачи на САД- Јадранската Повелба, медиумските организаци и граѓанското општество дебатираа и разменуваа мислења и најдобри практики за справување со хибридните закани и дезинформациите. Притоа беше особено нагласено значењето на медиумската писменост како една од алатките која низ образовниот систем придонесува кон изградба на едно општество со граѓани кои се способни критички да размислуваат, да ги анализираат и проценуваат информациите што им се сервираат и на тој начин да ја зајакнат демократската отпорност на општеството кон различни малигни влијанија.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи со активности за подигање на свесност за постоењето на опасноста, но истовремено искажува и спремност и стремеж за справување со сите предизвици што произлегуваат од хибридните закани.

Северна Македонија во јануари 2023 година го презема претседавањето со САД Јадранската Повелба, во година кога се одбележува дваесет годишнината од нејзиното потпишување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy