
Се одбележува 24-годишнината од Карпалак
Во спомен на десетте прилепски бранители припадници на македонската Армија кои во 2001 година ги загубија своите животи кај месноста Карпалак, денеска делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положат венец со свежо цвеќе на спомен-плочата на бранителите и во родниот град на бранителите пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп.
На 8-ми август 2001 година, конвојот на АРМ беше нападнат кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово кога беа убиени 10 воени резервисти од прилепската касарна.