Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Станарите обвинуваат за доцнење и злоупотреба, инвеститорот „Нов Дом Инвест“ уверува дека зградата наскоро ќе биде готова
Македонија

Станарите обвинуваат за доцнење и злоупотреба, инвеститорот „Нов Дом Инвест“ уверува дека зградата наскоро ќе биде готова

08/08/2025

AA

Сопствениците на станови во зграда во изградба на улицата Козара бр. 21 во скопската населба Капиштец упатија јавна реакција против инвеститорот „Нов Дом Инвест“ и институциите, поради повеќегодишно доцнење, како и, според нив, злоупотреба на нивните уплатени средства.

Тие истакнуваат дека зградата требало да биде завршена и предадена во мај 2023 година, но и две години подоцна, објектот сè уште не е готов. „Наместо градежни активности, присутни се повремено само еден или двајца работници кои изведуваат незначителни зафати, со очигледна цел да се даде лажна слика дека работите напредуваат“, се наведува во реакцијата.

Како главна причина за доцнењето, станарите ја посочуваат злоупотребата на средствата – обвинувајќи дека парите од нивните станови биле пренасочени кон изградба на други згради во Дебар Маало, кои инвеститорот ги започнал и завршил во рекордно време.

Дополнително, изразуваат сомнеж дека инвеститорот намерно ја пролонгира изградбата со цел некои купувачи да се откажат од договорите, за потоа становите да се препродадат по повисоки цени, имајќи предвид растот на пазарот во изминатиот период.

Сопствениците упатуваат критика и кон државата и законската регулатива, оценувајќи дека измените на Законот за градење – кои го продолжуваат рокот за изградба на станбени објекти од 6 на 10 години – не само што не ги штитат граѓаните, туку и го охрабруваат инвеститорскиот неморал.

„Ова не е изолиран случај. Имаме информации за уште многу објекти кои доцнат и каде се прекршуваат договорите. Граѓаните се оставени сами, без правна и институционална заштита“, велат станарите и бараат:

Од инвеститорот „Нов Дом Инвест“ за 4NEWS.mk велат дека зградата е во завршна фаза, при што останува да се монтираат санитарии, внатрешни врати и подови, а лифтот веќе е набавен. Според нив, работите ќе бидат финализирани во август и септември, по што ќе следи вселување.

Тие ги отфрлаат обвинувањата за злоупотреба или намерно пролонгирање на изградбата и тврдат дека „објектот е целосно фискално чист, без хипотеки или задолжувања“. Како главна причина за доцнењето ја наведуваат енормната инфлација и растот на цените на материјалите и работната рака, што резултирало и со раскинување и ревидирање на договори со подизведувачи.

„Објектот ќе биде завршен во најкус можен рок. Никогаш не сме нуделе раскинување на договори со цел препродажба. Тоа е спротивно на нашиот морал и законските рамки“, се наведува во нивниот одоговор до нашата редакција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy