Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се очекува минимално поскапување на цената на струјата за домаќинствата
Економија

Се очекува минимално поскапување на цената на струјата за домаќинствата

25/06/2024

AA

На денешната собраниска седница на дневен ред е предлогот на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, кој премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа со изговор да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 јули. 

Со Законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првиот и вториот блок, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во својата последна изјава што ја даде вчера не одговори конкретно дали се ова реалистични бројки за кои зборува Мицкоски, но вели дека ќе се направи напор за да нема ценовни шокови.

– Уште ги немаме добиено точните бројки од „ЕВН хоум“ да ги видам каква е структурата на потрошувачка по блоковите за домаќинства. Кога ќе добиеме, ќе ги видиме и ќе направиме напор да не предизвикуваме ценовни шокови. Ние сме издржале потешки периоди, никогаш не сме довеле до проблеми, секогаш се обидувавме да бидеме транспарентни, да објасниме. Јас знам дека не секогаш некој ќе прифати зголемување од 9%, 9 и пол – тоа ни било максимално. Е, сега, правиме напори да го стабилизираме сето тоа во наредниот период, рече Бислимовски во интервјуто за „360 Степени“.

Според првиот човек на РКЕ, зголемување на цената од 1 отсто не би претставувало проблем за домаќинствата,туку тоа би било во рамки на „ценовниот тренд“.

– Како просечна цена, ќе се движиме тука некаде, да биде нешто минимално, да нема никаков ефект. Не знам сега да кажам, 1 отсто зголемување мислам дека не е никаков проблем за домаќинствата, порача тој.

Со Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
Македонија

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше

05/10/2026
Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува

05/10/2026
Македонија

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ КАЈ КУМАНОВО Жена со „пежо“ излетала

05/10/2026
Македонија

ОТВОРЕНА ГРАДИНКА ВО ПРШОВЦЕ ЗА 147 ДЕЦА Со пари од

05/10/2026
Македонија

НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Две лица се приведени за

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ ПАРИ Финансиската полиција претресува на

05/10/2026

Две лица се приведени, а Финансиската полиција врши претреси на повеќе локации во истрага за проневера на речиси 80 милиони

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше дилери и насилници, пресечени и

05/10/2026

Повеќе од 5.600 лица се лишени од слобода, поднесени се 1.135 кривични пријави, а полицијата извршила 1.158 претреси на домови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy