Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се обидел да го убие поради нетрпеливост – истрага во Мирковци
Магазин

Се обидел да го убие поради нетрпеливост – истрага во Мирковци

18/12/2024

AA

 Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид за убиство и против уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело. Инцидентот се случил на 10 декември во селото Мирковци, каде осомничениот 37-годишник се обидел да лиши од живот едно лице поради претходна нетрпеливост и нерасчистени должничко-доверителски односи. Осомничениот испукал куршум кон жртвата, но не успеал да го погоди. Основниот кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.

– На 10 декември, во селото Мирковци, сега осомничениот 37-годишник со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, а мотивот му била претходна меѓусебна нетрпеливост поради нерасчистени должничко – доверителски односи. Тој отишол до домот на оштетениот, каде пред вратата извадил огнено оружје – пиштол и испукал еден куршум кон жртвата, но не успеал да го погоди. Куршумот завршил во ѕидот веднаш до рамката од влезната врата, во висина на градите на оштетениот, кој веднаш кога го забележал пиштолот се повлекол во внатрешноста на куќата и ја затворил влезната врата која автоматски се заклучува. Осомничениот започнал да тропа и удира со нога на затворената влезна врата, па откако не успеал да влезе во куќата, побегнал од местото заедно со лицето кое постои сомнение дека му помагало по сторувањето на кривичното дело да не биде откриен, стои во соопштението од Обвинителството.

Дополнуваат дека јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, предложил за осомничениот сторител на обидот за убиство да биде определена мерка притвор. Со решение, Основниот кривичен суд Скопје ја определил бараната притворска мерка во траење од 30 дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра

17/02/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди

17/02/2026
Македонија

Сведоштво на ревизорот откри сериозни неправилности на Клиниката за онкологија

17/02/2026
Македонија

ССМ: Доколку минималната се зголеми на 600 евра, а сите

17/02/2026
Македонија

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди

17/02/2026
Македонија

Тешко повредено четиригодишно дете во Скопје

17/02/2026
Македонија

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЈА НАБАВУВАЛЕ НА РЕВЕРС, ПА ИЗГОТВУВАЛЕ ФАКТУРИ ПОСЛЕ

17/02/2026
Македонија

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41563
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра – поднесена кривична пријава против

17/02/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди итно пренесено во болница

17/02/2026

Осумнаесетгодишно момче е тешко повредено откако рано утрово било удрено од автомобил на улицата Миро Барага во Пробиштип. Несреќата се

Сведоштво на ревизорот откри сериозни неправилности на Клиниката за онкологија

17/02/2026

На судењето за случајот „Онкологија 2“, кој се однесува на злоупотреби на буџетот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, сведочеше

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy