Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СЕ НАВЕДНУВАВ И ГИ ПРЕВРТУВАВ ДЕЦАТА ДА ВИДАМ ДАЛИ СЕ МОИТЕ“: Потресно сведочење на мајката Марија – Андреј бил викнат на работа во 1 по полноќ бидејќи имало гужва
Македонија

„СЕ НАВЕДНУВАВ И ГИ ПРЕВРТУВАВ ДЕЦАТА ДА ВИДАМ ДАЛИ СЕ МОИТЕ“: Потресно сведочење на мајката Марија – Андреј бил викнат на работа во 1 по полноќ бидејќи имало гужва

29/12/2025

AA

„Андреј беше викнат од газдата Дејан Јованов во 01 часот по полноќ, бидејќи имало многу гости. Буквално секој што знаел да држи чаша во рака бил повикан.“

Вака започна сведочењето на Марија Петрушева, која пред судот откри дека нејзиниот 24-годишен син таа вечер бил повикан вонредно на работа во „Пулс“, само неколку часа пред трагедијата. Таа раскажа дека во 18:30 часот последно се слушнала со него, кога ѝ рекол дека е уморен, но мора да оди.

Кошмарот за семејството Петрушеви започнал околу 02:45 часот, кога ги слушнале сирените. Живеејќи во близина на болницата и со поглед кон излезот на Кочани, сфатиле дека нешто гори во правец на дискотеката. „Почнав да ѕвонам кај двајцата синови, наизменично, но одговор немаше. На Андреј му пишав и на Инстаграм: ’Што се случува?‘, но до ден денеска пораката стои непрочитана,“ сведочеше мајката низ солзи.

Кога стигнале пред „Пулс“, владеел хаос. Сопругот влегол во чадот да ги бара синовите, додека Марија ги пребарувала телата надвор. „Јас се наведнав да ги обрќам децата, да видам дали е некој од нив. Тие деца кои ги гледав таму, не сфаќав дека се мртви… мислев дека се онесвестени од чадот,“ рече таа, момент кој предизвика еден од родителите во публиката вознемирен да ја напушти судницата.

Надежта се појавила кога едно момче ѝ кажало дека нејзините синови се веќе однесени во болница – помалиот Христијан бил добар, а Андреј имал „слаб пулс“.

Клучен момент во нејзиното сведочење, кое директно го товари сопственикот Дејан Јованов, е фактот за преполноста на објектот. „Во 01 часот бил повикан од газдата Дејан Јованов, бидејќи имало многу гости,“ повтори таа, потврдувајќи ги тезите дека клубот бил преполн над капацитетот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy