
СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи
Има драстично намалување на прометот во Хрватска, односно успешен е бојкотот на граѓаните.
Националниот бојкот на потрошувачите во Хрватска, организиран во знак на протест поради зголемените малопродажни цени, значително ја наруши економијата на земјата. Новообјавените податоци од Даночната управа покажуваат дека протестот влијае врз продажбата.
Бројот на фискалните трансакции денеска е намален за 29 отсто во однос на претходниот петок, при што вкупната вредност на овие трансакции е намалена за 31 отсто. Споредено со истиот ден во 2024 година, бројот на трансакции е намален за 17 отсто, а вредноста на трансакциите е намалена за 12 отсто.
Малопродажниот сектор – со исклучок на моторните возила и мотоциклите – ги доживеа најтешките ефекти. На 24 јануари 2025 година, трансакциите на мало паднаа за 43 отсто во однос на 17 јануари, а нивната вкупна вредност се намали за 50 отсто. Во споредба со 19 јануари 2024 година, трансакциите на мало се намалија за 32 отсто, со намалување на вредноста на трансакцијата за 37 отсто.
Foto: ILUSTRACIJA

