Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „КАЖЕТЕ ШТО НЕ Е ИСПОЛНЕТО“: Вучиќ ги повика студентите на дијалог
Регион

„КАЖЕТЕ ШТО НЕ Е ИСПОЛНЕТО“: Вучиќ ги повика студентите на дијалог

24/01/2025

AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ на митингот во Јагодина изјави дека ги повикува студентите да се вклучат во дијалог и да кажат кое од нивните барања не е исполнето. Вучиќ рече дека доколку не сакаат да дојдат кај него, јавно да кажат кое барање не е исполнето.

– Немојте да мислите дека не знам, дека не постои. Но, еве, мое е да ги прашам уште еднаш. Ве молиме дојдете и кажете ни кое од вашите барања не е исполнето. Да се вратите во студентските клупи. Сакаме да научите. Сакаме да напредувате. Кажете ни кое барање не е исполнето. Еве ние ќе ви го исполниме, само кажете ни кое од четирите кои сте ги поставиле не е исполнето. Рековте дека нема нови – рече Вучиќ.

Како што наведе, ги молеле и нив, а особено, како што рече, „манипулаторите од Јовановиќ, Алексиќ, Крени-Промени, Ѓилас, Мариника и други да ги пријават митинзите за да бидат обезбедени“.

– Ги молевме како Господ, последниот пат кога се случи тој тежок инцидент на улицата Рузвелтова, ги молевме луѓе, не правете го тоа, пријавете ни го собирот, ние ќе ве заштитиме. Полицијата ќе ве заштити. Полицијата не може да те заштитува кога не знае дека собирот постои. Полицијата не може да ве чува на нелегални собири. Денеска никаде не пријавиле ниту еден собир – рече Вучиќ.

Наведе и дека полицијата во цивилна облека се обидувала да стигне секаде, да ги заштити децата и учениците на секое место, нагласувајќи дека полицијата во цивилна облека ја спасила ситуацијата и го уапсила девојчето кое со автомобилот удрило друго девојче.

– Ве молиме помогнете ни. Само кажете ни кога и каде сакате да ги организирате овие собири. Сето ова е незаконски. А ние се обидуваме да ве заштитиме незаконски, за да нема инцидент – рече Вучиќ.

Тој изјави дека инцидентите одговараат на „Шолак, Ѓилас и оние кои бараат да се случи нешто лошо за да можат криминално да владеат со Србија како што владееле пред една деценија и нешто повеќе“.

– И на никој друг не му одговара. Н кој од вас би му одговара? Кој сака кога некој ќе се повреди некаде? Зошто да се повреди? Затоа што некои политичари сакаат да се фатат за стол. И за што? За да се вратиме во времето кога имавме стапка на невработеност од 26 проценти, а денес е осум проценти, да се вративме во времето кога просечната плата беше 329 евра, а сега е 900 евра – кажа Вучиќ.

Тој изјави дека им треба несреќа и дека живеат од несреќи и трагедии и ништо друго бидејќи немаат што да понудат.

Вучиќ рече дека децата се злоупотребени од оние кои имаат свои политички фрустрации и политички комплекси затоа што не можат да победат на избори, не можат да победат на фер начин, па со најлоши трикови ќе се обидат да фатат рака на власт и позиции.

Фото: Архива

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР

02/09/2026
Македонија

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата

02/09/2026
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45392
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што го градиме

02/09/2026

По повеќегодишните најави за воведување железнички превоз во рамките на градскиот транспорт, Скопје и официјално го доби „Градскиот воз“. Првата

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР со предупредување

02/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата во Велес

02/09/2026

Четиринаесетгодишен малолетник од Велес бил пронајден и лишен од слобода откако управувал мопед во спротивна насока и побегнал од полициските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy