Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Се докажа дека нема фронт за Европа, туку калкулации за спасување на фотелјата на Груби“, велат Огнените од Чаир
Македонија

„Се докажа дека нема фронт за Европа, туку калкулации за спасување на фотелјата на Груби“, велат Огнените од Чаир

28/02/2023

AA

Илјадници граѓани на Чаир ја пречекаа делегацијата на високи функционери на ДУИ во состав потпретседателот Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, секретарот за родова еднаквост Саранда Имери, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, членот на Претседателството Невзат Бејта, пратениците Кастриот Реџепи и Мерита Коџаџику, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и многу протагонисти на големите промени во ДУИ.

Среде овации и барања за итна оставка на Артан Груб и на несподобните министри што тој ги предводи, чаирчани се информираа за барањата за враќање на ДУИ во својата генеза, до народот и подалеку од политики за лични интереси на штета на ДУИ и албанскиот народ.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека сите пораснале и созреале во духот на ДУИ, а Чаир е бастионот на ДУИ веќе 20 години. Бевме во ДУИ со позиции и без позиции, а тие што се на позиции денес, го заборавија својот дом, својот народ и го оставија Чаир на цедило, рече Ганиу.

Саранда Имери Стафаи, секретар за родова рамноправност, рече дека нема посилен показател за нашиот правилен пат, од големото вечерашно присуство, кое се спротивставува на Артан Груби, кој направи фронт со нашите противници за да си ја спаси фотелјата.

Пратеникот Кастриот Реџепи рече дека формирањето на владата синоќа било еден обичен циркус, збореа за Европа, а се виде дека се работи за интересите на Артан Груби.

Претседателката на Форумот на жени на ДУИ, Мукадес Хајдари, рече дека како жена од Чаир бара меритократија. Гордо, работев како член на ДУИ, гордо работевме за унапредување на Албанките и ДУИ, но не за лични интереси и кариери на поединци, рече Хајдари.

Членот на Претседателството на ДУИ, Невзат Бејта рече дека и доброто и злото на ДУИ доаѓа од Скопје, додека Изет Меџити работеше и инвестираше, од Скопје дојде и злото на ДУИ, Артан Груби кој инвестираше во клевети и раздор на ДУИ.

Пратеничката на ДУИ Мерита Коџаџику рече дека како пратеник и жена има обврска да придонесе на секое поле на дејствување, и тоа го прават бидејќи се 50 проценти од населението, но поразително е кога се гледа дека жените се застапени со 0 проценти во извршната власт.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери рече дека ‘ние сме мнозинството на ДУИ овде и по структура и процент, Скопје како главен град е мобилизирано да го заштити 20-годишниот труд вложен во ДУИ, а овие вредности никој не може да ги земе, порача Џафери.

Организацискиот секретар и градоначалник на општина Сарај Блерим Беџети рече дека отсекогаш биле резервирани кон министрите и Артан Груби, но сега сите се убедени дека за лични интереси можат да го задушат дијалогот и да соработуваат со најголеми противници само за индивидуални интереси.

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција и пратеник, Изет Меџити, рече дека довербата од гласачите ја добиле за спроведување на партиската програма. ‘Со најголема искреност велам ако Чаир знаел дека Артан Груби ќе стане вицепремиер, ДУИ никогаш немаше да има 15 пратеници, рече Меџити демантирајќи го Груби кој рече дека го поддржувал за шеф на огранокот во Чаир, велејќи му дека лобирањето го направил народот, а не тој што сам не може да добие гласови.

‘Не си ја сфаќа сериозно задачата, не може да го заштити илирско-дарданското наследство на Скопје, ниту децата од Велес, ниту капиталните инвестиции, ниту 25 отсто од инвестициите од 400 милиони евра. И во времето на Груевски со помала моќ постигнавме повеќе од денес со сета оваа моќ Артан Груби, рече Меџити.

Во текот на целата средба на ДУИ со граѓаните, на која присуствуваа над 3.000 жители на Чаир, имаше чести прекини на струја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy