
Се чекаат анкетите на партиите – Перински и Ганиу не знаат дали ќе ги кандидираат!
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, ќе ги чекаат партиските анкети за можни кандидатури на локалните избори оваа есен.
При денешната посета на Чаир, Перински изјави дека е рано за конечна одлука, но дека е потенцијален кандидат за градоначалник на Скопје.
Ганиу, пак, истакна дека кој и да биде кандидат на ВЛЕН, ќе биде способен и квалитетен лидер за општината.