Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ НАВАЛИ НА АКЦИИТЕ НА „ГРАНИТ“ – платени се близу 550 илјади евра во три блок трансакции со градежниот гигант
Економија

КОЈ НАВАЛИ НА АКЦИИТЕ НА „ГРАНИТ“ – платени се близу 550 илјади евра во три блок трансакции со градежниот гигант

24/02/2025

AA

Над половина милион евра биле платени за акции на градежната компанија „Гранит“ во четвртокот минатата недела.

Имено, во тој ден на Берзата поминале три трансакции, во кои за однапред познат купувач се продале одредена количина акции на таа компанија.

Она што е заеднично за трансакциите, е дека една акција се продала по цена од 1.920 денари за акција, што е солидно повеќе од цената постигната за овие акции на редовниот пазар на 19 овој месец, кога всушност се случило последното тргување со акциите, и кога цената на една акција изнесувала 1.901 денар за акција.

Притоа, вкупната вредност на блок транскациите е дури 543 илјади евра, при што најголемата трансакција изнесувала над 332 илјади евра, што значи дека сигурно е дека еден купувач ја платил таа сума за 10.642 акции кои ги купил. Друг купувч, пак, или можеби истиот овој, за 3.660 акции плаил вкупна сума од над 114 илјади евра, додека, пак, во третата трансакција, за која не е исклучено, но и не мора, да е истиот купувач, продадени се 3.075 акции, за сума од рамно 96 илјади евра.

Које е купувачот или купувачите на овие блокови не е познато.

Но, најновата денешна состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, која ги дава само акционерите кои поседуваат над 5 отсто, говори дека сопственичката структура на Гранит во овој момент не е променета од она што беше во ноември минатата година, а тоа беше дека Зоран Милковски, кој е и директор на компанијата, поседува 9,8 отсто од акциите, Ивана Милковска Симева 9,31 отсто, компанијата Бард коп од нови Београд има 5,06 проценти, додека пак, самиот Гранит има во посед сопствени акции од 9,81 отсто.

Дали ова би можело да значи дека овие акционерски количини од блок трансакциите ги купил одреден акционер кој поседува помалку од пет проценти, и за кој инвеститор станува збор, би било интересно да дознае инвеститорската заедница. 

Н.Н.Ф.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее

04/11/2026
Македонија

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО

04/11/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
Македонија

НЕГИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД БУГАРИЈА Е ПОЛИТИЧКИ ГОВОР НА

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46582
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА БАРА КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА ОД ЕУ Македонскиот идентитет не смее да биде доведен во прашање

04/11/2026

Европската Унија треба да понуди креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој во македонските евроинтеграции, без да се доведува во

📽️ „АЛБАНЦИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ЖЕНИТЕ ДА СЕ БРУКААТ ПО КАФЕАНИ“ Петар Богојески им одржа

04/11/2026

Петар Богојески остана на ставот за машка контрола врз жените и во ново видео им се нафрли на мажите кои

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати предлогот на Обвинителството

04/11/2026

Двајцата осомничени за манипулации со електронските индекси на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип добија осум дена притвор. Судија на претходна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy