Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати
Економија

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

16/05/2024

AA

Многу македонски
граѓани за годишен одмор во туристичките агенции плаќаат на рати.

Порано постоеја
опции, дел од парите да бидат уплатени пред заминувањето на одмор, а мал дел од
сумата да се доплати откако ќе се вратат. Од агенциите велат дека и денес
даваат можност за плаќање на рати, но во договор со одредени колективи,
компании, организации.

„Ние тоа го
избегнуваме, но има агенции кои практикуваат плаќање на рати. Тоа плаќање на
рати агенциите помасовно го нудеа на времето кога луѓето беа од збор. Денес зборот
нема тежина. Има луѓе кои на кредит одат на одмор. За плаќање на рати, ако не стои
фирма зад некој вработен, ние тоа не можеме да го овозможиме. Ако има сигурно
работно место, ако фирмата гарантира за резервациите, тогаш може да се
договорат поволности и тоа е логичниот след на настаните. Може да бидат 12
рати, може да бидат помалку, тоа е работа на договор. Физичкото лице само не
може тоа да го издејствува. Се работи за скапи аранжмани, а не знаеме кој во
каква ситуација ќе западне и тоа не се пари кои можеме да ги простиме. Друго,
има луѓе кои се иселуваат и од каде знаеме дали некого ќе го најдеме откако
одморот ќе заврши?“, велат од битолска агенција.

Посебно во
помалите градови каде платите се пониски за разлика од Скопје, многу луѓе
практикуваат одморот да го платат на рати.

„Да, функционира
плаќањето на рати. Може да се плати на 3 до 6 рати. Порано преку синдикат имаше
опции за рати, а сега тоа е замрено. Поголемиот дел од Македонците не спаѓаат
во категорија на богати и просечни, тоа се посиромашни граѓани. Нив им одговара
да плаќаат на рати. Имаме многу работи во општеството на рати, од мебел па до
одмори. Таков ни е стандардот за жал. Никој не дава опција за плаќање на рати
на фирма која ќе пропадне. Од цената на аранжманот, агенцијата  има 10 до 15 отсто заработка. Тоа е максимум.
Не можат агенциите да ризикуваат. Во сезона помалку од 10 отсто од клиентите ни
плаќаат на рати. При резервација треба да плати 30 отсто, а остатокот еден
месец пред тргнување. Самиот клиент треба да се организира како му одговара.
Обично за одмор во Грција го практикуваат тоа плаќање на рати, а тие што имаат
пари, одат на подалечни дестинации и нив не им е проблем да платат одеднаш. Тие патуваат во Египет, Тунис, Турција. Младите кои се вработени во приватен сектор обично плаќаат на
рати“, додаваат од велешка туристичка агенција.

Од туристичките агенции велат дека настојуваат целата сума да се плати пред
заминувањето на одмор, а доплата на последната рата по враќањето од одмор се
случува многу ретко, само ако има некој посебен договор за тоа меѓу клиентот и
агенцијата.

Статистички, македонските граѓани најчесто одмораат на грчките и албанските
плажи, но ги посетуваат и Црна Гора, Турција, поретко Хрватска и Шпанија. Мал
дел од населението може да си дозволи патување на некоја егзотична дестинација.
На годишно ниво над 900.000 македонски државјани ја посетуваат Грција, според
податоците на Институтот на Здружението на грчки туристички
бизниси.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/ArthurHidden

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ПРВ ПАТ ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕГ НА ДЕТЕ СО

27/10/2026
Македонија

СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО СО ОЧИЛА И СО ЧАСОВНИК ПОДМИТИЛ

27/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување

26/10/2026
Македонија

СТУДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Температурите

26/10/2026
Македонија

„ФИЛИПЧЕ И СДСМ КАКО ДА НЕ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА“

26/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ ПРОСТОР ЗА КОРУПЦИЈА Андоновски повикува на развој

26/10/2026
Македонија

717 студентски пријави за шест месеци: Доцнат стипендиите, во студентските

26/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ 68 КИЛОГРАМИ КОКАИН БЛАГОДАРЕНИЕ НА МВР Македонец приведен во

26/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46386
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ПРВ ПАТ ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕГ НА ДЕТЕ СО АЛПОРТОВ СИНДРОМ Органот го донираше

27/10/2026

Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која

СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО СО ОЧИЛА И СО ЧАСОВНИК ПОДМИТИЛ ДАНОЧНИ КОНТРОЛОРИ Поднесени обвиненија за

27/10/2026

Синот на газда Деко, Михаил Јованов им дал очила и рачен часовник на двајца даночни контролори за да го информираат

МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување на добрите односи со Србија

26/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Илија Срдановиќ, носител на „Студентската листа“ во Србија, кому му честитал за изборниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy