
Се асфалтира улица во Долно Српци – Саботковски: Инвестираме во подобри услови за живеење
Денес се асфалтира една од трите улици во Долно Српци кои општината Могила ги реализира овој период.
Градоначалникот Драганчо Саботковски вели дека инвестираат во подобри услови за живеење.
„Ја менуваме инфраструктурната слика во општина Могила. Продолжуваме со решавање на дециниските проблеми затоа што жителите тоа го заслужуваат“, порача Саботковски.

