Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ Петрушевски жестоко ја критикува опозицијата за бегањето од темата Груби
Македонија

СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ Петрушевски жестоко ја критикува опозицијата за бегањето од темата Груби

01/03/2026

AA

На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, жестоко го критикуваше СДСМ, истакнувајќи дека партијата се занимава со „театар и циркузи“ наместо со суштинска борба против корупцијата и криминалот.

– Времето покажува дека на СДСМ – безрбетна најдобро и оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали се работи за местење на тендери или продавање на државата – истакна Петрушевски.

Тој нагласи дека, наместо да го поздрави чинот на справување со незаконити дејствија и фаќање на лица кои бегаат од правдата, СДСМ „секојдневно создава приказни“.

– Очигледно е зошто го прават тоа. Веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани, какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно, во што сѐ шурувале – рече Петрушевски.

Тој потенцира дека актуелното раководство на СДСМ, вклучувајќи ги Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, секојдневно „кажуваат приказни за театар, циркузи“, а избегнуваат суштината: решителна борба со криминалот и корупцијата.

– Но, вистината е една, професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува дека борбата со корупцијата и криминалот е сега решителна – додаде Петрушевски.

Тој заклучи дека за СДСМ она што го зборуваат за другите, најмногу зборува за нив сами, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се фокусира на борбата со корупцијата, криминалот и поставувањето здрави темели на владеење на правото.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар проголта дел од дом во Волково, граѓаните бараат помош

01/03/2026
Македонија

Николоски: Ја пуштаме во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка,

01/03/2026
Македонија

УАПСЕН МАЛОЛЕТНИК ЗА ОБЉУБА ВО ДЕЛЧЕВО Средба на 17-годишна девојка

01/03/2026
Македонија

Хоџа: Поддршка за локалните земјоделци за поголема доверба во домашното

01/03/2026
Македонија

Приведен малолетник во делчевско по пријава за обљуба врз 17-годишно

01/03/2026
Македонија

Млад скопјанец тешко повреден откако со мотор удрил во куче!

01/03/2026
Македонија

СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ

01/03/2026
Македонија

Уапсен скопјанец, искршил врата и прозори на зградата на општината

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42097
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар проголта дел од дом во Волково, граѓаните бараат помош за својот сограѓанин!

01/03/2026

Ѓорче Петров секогаш знаело да застане рамо до рамо кога е најтешко, а сега е моментот тоа повторно да се

Николоски: Ја пуштаме во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка, спој со Бугарија

01/03/2026

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и

УАПСЕН МАЛОЛЕТНИК ЗА ОБЉУБА ВО ДЕЛЧЕВО Средба на 17-годишна девојка се претвори во кошмар

01/03/2026

Во Делчевско вчера околу 14:30 часот, 15-годишно момче беше лишено од слобода по пријава на 17-годишна девојка дека тој извршил

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy