
СДСМ забележа најслаб резултат на избори, под 200 илјади гласови!
СДСМ за прв пат во историјата на одржани избори во Македонија бележи најслаб резултат.
Вчерашните избори во Македонија му донесоа под 200.000 гласови на кандидатот Стево Пендаровски.
Според Државната изборна комисија (ДИК) од обработени 99% од резултатите, Пендаровски вчера освоил 180.306 гласови
Во историјата на партијата како најголем успех бележи резултатот од изборите во 2004 година, кога Бранко Црвенковски освои дури 385 илјади гласови.
Во вториот круг одат Пендаровски и кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова која вчера имаше убедлива предност од 180 илјади гласови пред Пендаровски.
Давкова има вкупно 362.682 гласови.
