Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина
Економија

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

25/04/2024

AA

Извор: XinhuaNet

Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан и соседната општина Чонгкинг, и двете лоцирани во југозападна Кина, се појавуваат како динамични региони кои предничат во понатамошното отворање и развој во западните региони на земјата. Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина. 

Последните податоци на царината покажуваат дека, во првите два месеци од оваа година, комбинираната надворешна трговија на Чонгкинг и Сечуан достигна 259,13 милијарди јуани (околу 36,5 милијарди американски долари), што бележи зголемување од 6,2 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Со население од над 98 милиони, економската зона Ченгду-Чонгкинг е уште една важна стратегија за регионален развој во Кина. Заедницата сега е трансформирана од некогаш оддалечена и изолирана внатрешна област во клучна локација долж Иницијативата „Појас и пат“ и економскиот појас Јангце, станувајќи нов белег на отворањето во западна Кина.

Во 2023 година, економската зона Ченгду-Чонгкинг постигна регионален БДП од речиси 8,2 трилиони јуани, што претставува зголемување од 6,1 отсто на годишно ниво.

Во однос на развојот на железницата, Чонгкинг и Ченгду беа меѓу првите градови во Кина кои понудија услуги за товарен воз Кина-Европа. Во јануари и февруари, Ченгду и Чонгкинг ракуваа со над 650 товарни возови меѓу Кина и Европа

Услугите за товарен воз Кина-Европа со кои управуваат двата града моментално достигнуваат 110 градови во Европа и Азија. Опсегот на транспортирани стоки се прошири од лаптопи до над десет илјади видови на стоки, вклучувајќи возила и делови, комуникации и механичка опрема, фармацевтски производи и медицински помагала.

Chongqing Lee & Man Paper Manufacturing Limited е компанија за увоз на суровини од Југоисточна Азија. Благодарение на новите транзитни правци копно-море, логистичките предизвици на компанијата беа ефективно решени.

„Рутите ја подобруваат ефикасноста на синџирот на снабдување, намалувајќи го времето на транспорт за околу 15 дена. Ова го скрати производниот циклус на компанијата, значително го зголеми производството и ја подобри ефикасноста“, рече Хуанг Жиконг, генерален директор на компанијата.

Покрај тоа, двата локалитети работат заедно на промовирање на изградбата на аеродромски кластер од светска класа, што ќе го забрза отворањето на повеќе меѓународни патнички и карго воздушни линии.

Во 2023 година, Чонгкинг основаше 321 ново претпријатие со странски инвестиции, што претставува зголемување од 30,49 отсто на годишно ниво, додека реалните странски инвестиции во Сечуан се зголемија на 24,52 милијарди јуани.

Минатиот месец, мултинационалното претпријатие Данахер, специјализирано за животни науки, дијагностика и биотехнологија, потпиша договор за стратешка соработка со Новата област Чонгкинг Лианџијанг за заеднички да основаат центар за иновации.

„Се радуваме на изградбата на иновативниот центар, градејќи го со прецизна медицина на високо ниво и интегрирана платформа за биофармацевтски иновации во регионот Ченгду-Чонгкинг“, рече Пенг Јанг, глобален потпретседател на Данахер и претседател на Данахер Кина.

Суез груп, глобален експерт во секторите за вода и отпад, инвестираше над 4 милијарди јуани во Чонгкинг во јаглеродова неутралност.

Неодамна во посета на Чонкинг беше и претседателот на Кина,Си Џипинг, кој рече дека треба да се направат напори да се поттикнуваат серија државни претпријатија со силна основна конкурентност, да се зајакне развојот на приватната економија и да се стимулира виталноста на деловните субјекти под различни форми на сопственост.

Тој го повика градот да се усогласи со меѓународните економски и трговски правила со високи стандарди за да поттикне првокласна деловна средина која е пазарно ориентирана, заснована на закони и интернационализирана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy