
СДСМ за ултиматумот на Заев кон Ковачевски: Не е вистина!
Откако ТВ21 објави дека поранешниот премиер Зоран Заев му дал ултиматум на сегашниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски да се повлече до 18. јануари од позицијата прв човек на партијата, стигна реакција и од партијата.
Од СДСМ велат дека тоа не е вистина.
„Не, тоа се невистини кои ги отфрламе во целост“, стои во реакцијата на партијата.