Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со нова хируршка сала зајакнати оперативните капацитети на Клиника за ортопедија
Македонија

Со нова хируршка сала зајакнати оперативните капацитети на Клиника за ортопедија

11/01/2024

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска присуствуваа на пуштањето во употреба на реновирана хируршка сала на Универзитетската клиника за ортопедски болести.

Премиерот Ковачевски, во изјава за медиумите истакна дека реформите и инвестициите во здравството се еден од најголемите приоритети на Владата.

„Реновираната операциона сала, е дел од капиталните инвестиции во јавно здравствените установи, кои Владата на Република Северна Македонија, ги реализира континуирано во изминативе 6 години. Ова е показател за нашата цврста определба за градење на одржлив и ефикасен здравствен систем кој ќе им биде силна и сигурна потпора на граѓаните“, рече Ковачевски.

Министерот Меџити потенцираше дека станува збор за целосно реновирање на првата операциона сала со помошни простории (соба за одмор и соба за премедикации околу 150 квадратни метри). Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 15 милиони денари, обезбедени од Фондот за здравство и со средства од донации.

„На Клиниката за ортопедски болести годишно се изведуваат 1600 операции, а сега со новата реновирана операциона сала бројката ќе се зголеми и ќе стигне и до 2000 оперативни зафати на годишно ниво. Оваа сала не беше во употреба од 2017 година и со нејзиното реновирање сериозно ги зајакнуваме капацитетите на установата“, изјави Меџити.

Медицинскиот директор на Клиниката за ортопедски болести Александар Трајановски посочи дека сѐ што се работи во здравството е во интерес на пациентот да добие подобра здравствена нега и здравствена услуга. Тој упати благодарност до сите чинители за целокупната помош на сите вработени кои деноноќно работат во установата спасувајќи животи.

Организацискиот директор Арсим Азири упати благодарност до премиерот, Фондот за здравствено осигурување и министерот и најави дека следниот период инвестициите продолжуваат со Клиниката за трауматологија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Во функција се камерите во дел од општина Дебрца,

30/07/2026
Македонија

Пожар кај Желино, интервенира ер трактор

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44765
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026

Општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека вечерва, 30 јули, ќе се спроведе акција за прскање против комарци на целата

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026

Директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy