Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Потпишавме Меморандум за соработка со Државниот завод за ревизија
Македонија

Меџити: Потпишавме Меморандум за соработка со Државниот завод за ревизија

11/01/2024

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и главниот државен ревизор од Државниот завод за ревизија Максим Ацевски, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на меѓусебните односи во областите кои се од заеднички интерес за двете институции.

Меџити истакнува дека потпишаниот Меморандум за соработка предвидува редовна комуникација, соработка и размена на податоци од областа на здравството.

„Со главниот државен ревизор Ацевски планираме да реализираме значајни активности како изработка на модул за извештаи од работата на здравствените установи во рамките на Националниот систем за електронска евиденција во здравството за потребите на Државниот завод за ревизија. Извештаите треба да содржат податоци од регистрите кои се водат во Националниот систем и да понудат прегледи по различни критериуми – преглед на медицинска опрема кај здравствените установи, тековна состојба со податок за датум за ставање во употреба, понатаму преглед на објавени слободни термини, зафатени и не зафатени термини на дневно, месечно, годишно ниво или за определен период, по установа и специјалност“, вели министерот Меџити.

Тој посочува дека извештаите треба да содржат и преглед на издадени регуларни, приоритетни и итни упати по установа и специјалност на месечно ниво или за определен период, како и преглед на реализирани упати (регуларни, приоритетни, итни, сервисни) на месечно ниво по установа и специјалност или за определен период.

Со потпишаниот Меморандум, Министерството за здравство и Државниот завод за ревизија се обврзуваат да обезбедат систем за заштита на податоците од неовластено користење и злоупотреба, но и сите добиени податоци и информации согласно со овој Договор да ги користат исклучиво за потребите на спроведување на постапки за ревизија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Во функција се камерите во дел од општина Дебрца,

30/07/2026
Македонија

Пожар кај Желино, интервенира ер трактор

30/07/2026
Македонија

Работната група на Македонија и Бугарија постигна согласност за активностите

30/07/2026
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44762
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026

Со денешниот ден, четврток, веќе започна продолжениот викенд по повод големиот државен празник Илинден – 2 Август. Голем број граѓани

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок на гас

30/07/2026

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна нова акција за директна помош на граѓаните, со цел транзиција кон поекономично

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени 241 лице, пресечен меѓународен транспорт

30/07/2026

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy