Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување
Македонија

СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување

01/12/2025

AA

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави детали за сомнителни тендерски шеми поврзани со владејачката гарнитура на Христијан Мицкоски.

Според Кузеска, вториот вработен во фирмата која во само шест месеци добила тендери вредни речиси 9 милиони евра е Глигор Поцев. Тој, како што истакна портпаролката, бил сведок во случајот „Тврдина“ за уништување на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков.

Последниот договор на фирмата со Владата се однесува на рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа. СДСМ поставува прашања како лица кои биле дел од разузнавачки структури, директно или индиректно поврзани со уништување на опремата за прислушување, повторно се вмешани во милионски тендери.

„Скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, доделени на фирма основана пред само една година, покажува дека кај Христијан Мицкоски владее истата криминална школа како кај Никола Груевски и Сашо Мијалков. Методите се исти – милионски тендери платени од пари на граѓаните за фирми со сомнителна историја“, рече Кузеска.

Таа нагласи дека крадењето мора да запре, а институциите мора да преземат мерки согласно законот. „Предупредуваме дека овие дела не застаруваат. Одговорност мора да има и ќе има, кога-тогаш“, додаде портпаролката.

СДСМ истакна дека разоткривањето на ваквите тендерски шеми продолжува и дека истрагата сè уште не е завршена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy