Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Вистината за Кочани – се крие ли пријава, дали Мицкоски го штити изворот на пиротехниката?
Македонија

СДСМ: Вистината за Кочани – се крие ли пријава, дали Мицкоски го штити изворот на пиротехниката?

06/06/2025

AA

СДСМ денеска продолжува да ја објавува, како што велат, вистината за Кочани.

„Зошто во ниту еден момент ниту обвинителот Коцевски, ниту министерот за внатрешни Тошковски, ниту премиерот Мицкоски не се осудија да го коментираат потеклото на пиротехниката која го предизвика пожарот во дискотеката Пулс кој зема 62 млади животи, а повредени беа 200 млади луѓе?

Зошто истрагата досега не доведе до сознание кој ја внел пиротехниката во клубот? 

Зошто МВР на Тошковски досега не испита кој нелегално во Македонија шверцува пиротехнички средства и како пиротехнички средства завршиле во дискотеката Пулс кобната вечер?

Дали доколку се дознае потеклото на пиротехниката истрагата ќе дојде до најблискиот периметар на луѓе околу премиерот?

СДСМ прашува дали постои пријава во обвинителството дека потеклото на пиротехниката во дискотеката Пулс е од фирма блиска на најтесното опкружување на Мицкоски?

Зошто досега обвинителството не постапило по оваа пријава?

Дали Обвинителството воопшто ја внело во евиденција ваквата пријава?

Имено сопственик и одговорно лиценца на фирмата е лице од блиското опкружување на Мицкоски од Струмица.

Дали оваа компанија била задолжена за организација на партиските митинзи на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали ова е причината поради која Христијан Мицкоски ја попречува истрагата на обвинителството и не дозволува истата да го има правилниот тек?

Дали впрочем Мицкоски цело време го штити еден од своите најблиски соработници, а со тоа се штити и самиот себе?

СДСМ нема да дозволи одговорните за пожарот во Пулс во кој животот го загубија 62 млади лица, а 200 беа повредени да останат неказнети!

СДСМ нема да дозволи Мицкоски да ја попречува истрагата и да застане на патот на правдата! СДСМ и натаму ќе продолжи да ја објавува „Вистината за Кочани“!“, истакна Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy