Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ вели законот за „Safe City“ е без контрола на снимањето – порачуваат: Тука сме да ја вратиме власта во рацете на граѓаните!
Македонија

СДСМ вели законот за „Safe City“ е без контрола на снимањето – порачуваат: Тука сме да ја вратиме власта во рацете на граѓаните!

23/01/2026

AA

Од СДСМ попладнево велат дека и покрај сите контролни механизми за притисок врз медиумите, покрај тоа што не беа усвоени закони усогласени со ЕУ, како законот за правосудство, КЗК и други, покрај поставувањето свои судии и обвинители, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го усвоила и законот за „Safe City“ без каква било контрола на снимањето и следењето со 65.000 камери. 

Како што велат, одбиле да прифатат строги и јасни правила за системот и во измените на Кривичниот законик. 

„Проектот „Safe City“ е започнат во време на владата на СДСМ и од аспект на безбедноста во сообраќајот е значаен, но вака донесен Законот за прекршоци значи отворена врата за злоупотреби. МВР да делува како партиски инструмент за следење, притисок и уцена на граѓаните без било какви заштитни механизми.

Ова е игра на ДУИ и ВМРО, кои беа заедно на лидерска средба и цело време задно се договараат.

Останува уште да ја укинат техничката влада и подготвени се за избори.

Давос покажа дека анти-ЕУ кампањата дала резултати. Мицкоски се јавува од Давос како патувачки репортер кој самиот се снима, имитирајќи го Вучиќ, кој исто така, како да е вработен во туристичка агенција, ги покажува хотелските соби и храната по рестораните.

Времето на Груевски се враќа на голема врата. Видовме како беше пред 10 години, во 2016 година. Ситуацијата и денеска е иста. Сè е земено од канџите на ВМРО. 

Преку контролирани медиуми водат постојана црна кампања, хајка и линч.

Се обидуваат единствената опозициска партија да ја разединуваат одвнатре. Целта е контролирана опозиција.

Теренот е речиси подготвен за недемократски избори кои ќе им дадат уште четири години да ги држат граѓаните како заложници и да продолжат со криминалот и корупцијата. Ќе ја опустошат Македонија.

Планот е изолација, избори, па мигранти за пари.

СДСМ е единствена вистинска опозициска партија, има нова сила и продолжува со борбата. Не сме сами, со нас се граѓаните. 

Ние нема да се продадеме, ниту за тендери ниту за ништо. Нема да биде контролирана опозиција!

Ние сме тука за да ја вратиме власта во рацете на граѓаните“, порачаа од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy