Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Тендерски мрежи на ДПМНЕ – само една фрима добила 50 тина јавни набавки тешки 10 милиони евра!
Македонија

СДСМ: Тендерски мрежи на ДПМНЕ – само една фрима добила 50 тина јавни набавки тешки 10 милиони евра!

06/03/2025

AA

СДСМ денеска го отвори првиот од серијата скандали поврзани со тендерите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Со документи, факти и податоци СДСМ изнесе сомнежи за длабока корупција, сонежи за матни тендери во речиси сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Дури и со пари од унгарскиот кредит.

Во фокусот се милионските тендери што завршуваат кај едни исти фирми. Дури и фирми со сомнително минато, кои биле гонети токму за злоупотреби и местење тендери а кои последно земаат пари и тоа од унгарскиот кредит. Дали е тоа поентата на унгарскиот кредит и каде завршуваат  овие пари?, рече потпаролката на партијата Богданка Кузеска.

„Денеска го отвораме првиот скандал поврзан со компанија која верувале или не, работи на 50 тина јавни набавки во општини кои ги води ВМРО-ДПМНЕ. Да биде скандалот поголем, компанијата претходно, во 2020 година е осомничена токму за местење на тендери во јавните набавки, погодете каде, во општина Зелениково предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за фирмата ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО Увоз-Извоз Скопје во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ’ рече Кузеска.

Последните тендери кои ги добила се финансирани од унгарскиот кредит, кој граѓаните ќе го враќаат со високи камати.

„Клучно е каде завршуваат парите од унгарскиот кредит? Парите од овој кредит не се бесплатни – тие се враќаат од буџетот, односно од парите на граѓаните и тоа со камата. Jавноста има право да знае:  Дали ова е механизам за финансирање на партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ? Дали парите завршуваат директно во „белата палата“? Дали граѓаните плаќаат огромни камати за унгарските кредити за власта да си ги дели со коруптивни тендери? Ова не смее да остане само скандал за кој ќе зборуваме денес. Очекуваме надлежните институции да реагираат веднаш!“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
Македонија

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на

04/09/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во

04/09/2026
Македонија

Брзата интервенција спречи пожарот кај Националниот парк Маврово да се

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45465
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата пресметка: Институциите најавуваат нови мерки

04/09/2026

Тринаесетгодишно момче избодено со нож во пределот на срцето се наоѓа во стабилна, но и понатаму животнозагрозувачка состојба. Лекарите будно

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026

На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни,

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за учество во нејзината обнова

04/09/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на официјалната посета на Украина оствари средба со својот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy