Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ со контра-обвинувања за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши дека документите ќе ги откријат неговите врски со странски служби?
Македонија

СДСМ со контра-обвинувања за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши дека документите ќе ги откријат неговите врски со странски служби?

06/09/2025

AA

Опозициската СДСМ денеска излезе со серија контра-обвинувања во врска со аферата за наводно прислушување, сугерирајќи дека премиерот Христијан Мицкоски одбива да ги декласифицира документите од АНБ не за да сокрие злоупотреба на службите, туку за да ги прикрие сопствените контакти со лица поврзани со странски служби од „непријателски држави“.

Потпретседателот на партијата, Методија Илиевски, на прес-конференција упати низа прашања до власта, со кои го смени наративот на целиот случај.

„Дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата? Дали е точно дека Мицкоски, иако не бил мета на следење, влетал во комуникација со лица кои имале за цел да ја дестабилизираат државата, а биле финансирани од странски пари?“, праша Илиевски.

Од СДСМ изразија сомнеж дека токму содржината на овие документи е причината поради која власта веќе втора недела го одолговлекува нивното објавување и ја саботира работата на надлежната собраниска комисија, чија вчерашна седница, како што рекоа, била „мистериозно откажана“.

Илиевски отиде и чекор понатаму, прашувајќи дали дел од странските финансии наменети за дестабилизација завршиле лично кај премиерот или во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали Мицкоски за торби пари ги продал интересите на сопствената држава на странски непријателски држави?“, беше клучното прашање што го постави потпретседателот на СДСМ.

Поради овие сомнежи, партијата уште еднаш јавно го повика премиерот Христијан Мицкоски итно да ја декласифицира документацијата, бидејќи, како што порачаа, „македонската јавност заслужува да ја знае вистината“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy