Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Скопје назадува, ДПМНЕ не може една зоолошка градина да внесе во ЕУ (ЕАЗА)
Македонија

СДСМ: Скопје назадува, ДПМНЕ не може една зоолошка градина да внесе во ЕУ (ЕАЗА)

21/06/2023

AA

Само една и пол година откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во главниот град, Скопје тоне на секое поле.

Наместо да се развива, Скопје со ДПМНЕ и Арсовска назадува.

Последниот скандал е поврзан со Зоолошката градина, која во времето на СДСМ доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше.

Тоа што беше оставено, едно прекрасно катче за најмладите, но и за сите скопјани, ДПМНЕ го растура.

Со ДПМНЕ, наместо развој, Зоолошката градина се соочува со низа проблеми, а последно е тоа што го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини.

Причината е неисполнување на договорите и нереализираните проекти.

Секогаш кога ДПМНЕ ќе добие власт, ова се случува – пропаѓање, нерезлизирани проекти, назадување.

Пропадна шансата за членство во престижната асоцијација, цел на која се работеше со години, а сегашната состојба значи губење на сериозна финансиска поддршка и спречување на нејзиниот развој.

Исфрлањето како член кандидат значи дека немаме право да аплицираме во наредните осум години и не смееме да соработуваме со ниту една зоолошка градина.

Најголема штета е што со влез на Скопје во ЕАЗА,  зоолошката ќе беше независна од буџетот на Град Скопје и ќе се градеа нови проекти.

Тоа е вистинското лице на најнеспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје, на чело со градоначалничка којашто ја промовираа и за која ги убедуваа скопјани да гласаат.

Нема реализација на ниту еден проект повеќе од една и пол година. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 екоавтобуси, нема нови мегапаркови, а наследените проекти, како што се Универзална сала, мостот на булевар АСНОМ, БРТ не се релизираат.

ДПМНЕ не можат ниту  една зоолошка градина да менаџираат и да ја внесат во ЕАЗА, а камоли да направат нешто повеќе.

ИНТЕГРАЛНА ИЗЈАВА ОД ЉУБИЦА ЈАНЧЕВА, КООРДИНАТОРКА НА СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразни болести

10/06/2026
Македонија

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

10/06/2026
Македонија

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, но во јавноста се

10/06/2026
Македонија

Јаневска: Учебната година заврши, учениците на заслужен летен распуст

10/06/2026
Македонија

Колку ќе добие државата од „Иловица“? Новите правила носат поголеми

10/06/2026
Македонија

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

10/06/2026
Македонија

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43687
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразни болести

10/06/2026

На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци.

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

10/06/2026

Во денешната собраниска седница во македонското Собрание беше констатирана оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Фетаи ја поднесе

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

10/06/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy