Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ сепак го задржува бројот на министри, имаме поголемо парламентарно мнозинство
Македонија

СДСМ сепак го задржува бројот на министри, имаме поголемо парламентарно мнозинство

09/02/2023

AA

Централниот одбор (ЦО) на СДСМ го овласти партискиот лидер и премиер, Димитар Ковачевски, да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

Како што соопшти портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, по денешната седница на ЦО, СДСМ го задржува бројот на министри како досега, а наскоро може да се очекува Ковачевски да излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата.


Кузеска предупреди дека „опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија“. Поради тоа, напомена, мора да се здружат силите и да не се дозволи повторно 11-годишна блокада.

-Денеска можеме да објавиме дека се прави добар исчекор, имаме поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ. ЦО на СДСМ го овласти претседателот на партијата Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата. Со принципите на платформата за соработка со Алијанса за Албанците кои денеска ги одобри Централниот одбор, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите, истакна Кузеска.


Според неа, кадровското освежување ќе внесе нова енергија во реализација на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ во интерес на сите граѓани и иднината на земјата, а се отвора можност и за соработка на локално ниво во општините и советите.

-СДСМ го задржува бројот на министри како досега, имаме зголемено мнозинство во Собранието, поголема поддршка на реформскиот и европскиот курс и политичка стабилност, потенцира Кузеска.


На новинарско прашање околу кадровските решенија и кога може да се очекува средба Ковачевски – Таравари, портпаролката најави дека наскоро лидерот на СДСМ и премиер ќе излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата.

-Не би зборувала во моментов за кадровските решенија со оглед дека денеска одлуката на ЦО е овластување на Ковачевски да ги продолжи и заокружи преговорите. Значи, за кадровските решенија би зборувале откако тој процес ќе биде заокружен. Може да се очекува наскоро премиерот да излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата, рече Кузеска.

Осврнуајќи се на „радикалните елемнти“, таа оцени дека Левица го зема ВМРО-ДПМНЕ како заложник.

-Опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија. За жал, Левица го зема ВМРО-ДПМНЕ како заложник исто како во деновите на Груевски кога беа блокирани евроинтеграциите. Денеска повторно закана за нашата иднина доаѓа од Апасиев и Мицкоски. Мора да ги здружиме силите и да не им дозволиме да не блокираат повторно 11 години, подвлече Кузеска.

Изборите, како што дополни Кузеска, ќе се одржат според планираното, во 2024 година што е добро, рече, за стабилноста, инвеститорите и економијата.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy