Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сослушани вешти лица за случајот „Софтвери“, судењето продолжува на 22 февруари
Македонија

Сослушани вешти лица за случајот „Софтвери“, судењето продолжува на 22 февруари

09/02/2023

AA

Во Основниот Кривичен суд Скопје на предлог на одбраната денеска сведочеа вешти лица, судењето за случајот „Софтвери“ во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, продолжува на 22 февруари.

Вештите лица Милица Шутова, вешто лице од областа на интелектуална сопственост, и од вештото лице Ристо Котев од област на материјално, сметководствено и финансиско работење, беа сослушани.


Одговараа на прашања поставени од обвинетиот Драги Рашковски и обвинителката Ивана Трајчева, а се однесуваа на јавните набавки за кои обвинетиот се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Во вториот дел од рочиштето вештото лице Ристо Котев сведочеше околу договорите кои Владата ги имала потпишано со дел од обвинетите со што посочи дека сите договорени обврски биле соодветно формално документирани. Потоа обвинетиот Драги Рашковски го испитуваше во врска со изворите за купување на имотот во Побожје.


– За купување на имот во Побожје, според ова што го имам, најверојатно е користен кредит кој што е добиен од Халк Банка и уплата на средства, прилив од Рашковска Коцева Александра од Словенија, рече тој.

На прашањето дали освен овие два финансиски износи, Драги Рашковски има земено позајмици од други лица, одговори да и појасни за какви позајмици станува збор.


Потоа беше детално образложена трансакциската сметка на обвинетиот Драги Рашковски, анкетниот лист со пријавената имотна состојба како и имотот на неговите роднини.

При вкрстеното испрашување на јавната обвинителка беше утврдено дека во времето кога е донесен планот за јавни набавки биле предвидени помалку парични средства од оние кои биле наведени во самата одлука за оваа јавна набавка.

Обвинителката испитуваше во однос на тоа дали вештото лице при изготвувањето на вештиот наод и мислење се сретнало со документ од Влада на РСМ во кој се опишани фазите на реализацијата на набавката, како и документ со кој се одобрува пуштање во употреба на ваквиот софтвер, на што вештото одговори лице дека не се сретнало, како и за други конкретни наоди и на што се темелат истите.

Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”. Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева. Судењето продолжува на 22 февруари.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени

27/08/2026
Македонија

Шестмесечно бебе донесено починато во поликлиниката во Драчево

27/08/2026
Македонија

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026
Македонија

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до

27/08/2026
Македонија

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е

27/08/2026
Македонија

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026
Македонија

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус,

27/08/2026
Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45286
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени 3.684 деца

27/08/2026

Македонија и натаму се соочува со неповолни демографски движења, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје

Шестмесечно бебе донесено починато во поликлиниката во Драчево

27/08/2026

Трагичен случај го потресе скопскиот регион откако шестмесечно бебе било донесено без знаци на живот во Поликлиниката во Драчево. Случајот

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026

Родителите ќе можат да очекуваат пониски цени за набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владината мерка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy