Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција
Македонија

СДСМ: Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција

22/05/2025

AA

СДСМ остро ќе се спротивстави на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка, велат од СДСМ во соопштение.

„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер.

Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се „многу пари“. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата.

Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како ефтина работна сила.

Како претседател на Советот на Град Скопје, ќе остане запаметен како лицето кое го уништи градот. Славески ги водеше битките на Мицкоски со Арсовска, откако им пропаднаа бизнис-зделките.

СДСМ е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Силјановска. Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна, ниту пак во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во

14/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА

14/04/2026
Македонија

Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано

14/04/2026
Македонија

ОБЛАК ОД САХАРСКА ПРАШИНА ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА Времето ќе биде

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42450
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе оди во затвор

14/04/2026

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?

14/04/2026

Додека бројот на рудари во Македонија опаѓа, светот влегува во интензивна трка за критични минерали неопходни за зелената и дигиталната

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе е побарана екстрадиција

14/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше изборната победа на Петар Маѓар во Унгарија и ги сподели своите очекувања за идната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy