Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ обвинува за недостиг на онколошки лекови, ФЗО најавува стабилизација пред Велигден
Македонија

СДСМ обвинува за недостиг на онколошки лекови, ФЗО најавува стабилизација пред Велигден

11/04/2025

AA

Пациентите на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со недостиг на клучни лекови, алармираат од СДСМ, посочувајќи дека оваа недела недостасуваат биолошкиот лек Palbosiklib и лекот Bevacizumab (Авастин) – терапии од кои, како што наведуваат, директно зависи животот на многу пациенти.

„Иако Сашо Клековски јавно ветуваше дека нема да се дозволи повторно да нема лекови, институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат навремено да обезбедат терапија. Луѓето со месеци чекаат. Ова е директен удар врз нивното здравје“, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Од Фондот за здравствено осигурување пак, директорот Сашо Клековски објасни дека доцнењето е резултат на технички проблеми поврзани со промените во системот за јавни набавки. Според него, јавната набавка е веќе отворена и се очекува стабилизација на снабдувањето пред велигденските празници.

„Тендерот за годишната набавка е отворен минатиот петок. Имаше доцнење поради промена на системот во Бирото за јавни набавки. Очекуваме дека пред Велигден сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини за следните 12 месеци“, рече Клековски во изјава за медиумите.

Во меѓувреме, пациентските здруженија апелираат итно да се реши проблемот, оценувајќи дека за секоја изгубена недела, последиците се несогледливи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени

07/09/2026
Македонија

Утре голем концерт во Скопје: Еве што не смеете да

07/09/2026
Македонија

УХМР со најава: Локално невреме со пороен дожд, силен ветер

07/09/2026
Македонија

Семејна драма во Кавадарци: Со 2,97 промили фрлал предмети и

07/09/2026
Македонија

Моторциклист загина во сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка-Куманово

07/09/2026
Македонија

Нова жртва од западнонилска треска: Почина 70-годишен маж од Драчево

07/09/2026
Македонија

Утре е неработен ден, а еве кога следува следниот продолжен

07/09/2026
Македонија

1.500 граѓани се качиле на градскиот воз за една недела

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45515
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени

07/09/2026

Нов ценовен удар ги очекува возачите во земјава. Од полноќ повторно поскапуваат сите нафтени деривати, откако Регулаторната комисија за енергетика

Утре голем концерт во Скопје: Еве што не смеете да внесете на концертот на Дејвид

07/09/2026

Скопје утре ќе биде во знакот на големиот музички спектакл со настапот на светската диџеј-ѕвезда Дејвид Гета, со кој ќе

УХМР со најава: Локално невреме со пороен дожд, силен ветер и град

07/09/2026

Стабилното и топло време во текот на претпладневните часови ќе биде проследено со зголемена нестабилност во попладневниот период. УХМР најавува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy